send link to app

S Token


4.6 ( 9696 ratings )
Économie et entreprise Finance
Développeur Ohridska banka
Libre

S Token претставува апликација која се користи за проверка на идентитетот на клиентот кога пристапува на апликацијата за електронско банкарство и за потврда на плаќањата преку електронско банкарство (авторизација).


Откако апликацијата ќе се инсталира, потребно е да се активира со внесување на корисничко име и иницијална лозинка кои можете да ги добиете со поднесување на Пристапница за електронско банкарство во било која експозитура на Банката или преку Online аплицирање за оваа услуга.



По внесувањето на корисничко име и иницијална лозинка, следи поставување на ПИН и ПИН-асоцијација која се состои од назив на држава и приказ на нејзиното знаме. Целта на ПИН-асоцијацијата е да ни помогне да внесеме точен ПИН во моментот на користење на апликацијата.


По извршената инсталација и активација на S Token апликацијата, за понатамошно користење не е потребно телефонскиот апарат да биде поврзан на Интернет. Во иднина за користење на електронското банкарство со помош на апликацијата С Токен, доволно е со себе да го носите само Вашиот мобилен телефон.



СИГУРНОСТ:

Користењето на апликацијата е максимално сигурно. S Token се отвора со ПИН кој го знае само корисникот. Во случај на кражба на телефонот и обид за пристап и злоупотреба на електронското банкарство, со внесување на неточни податоци за најава се блокира корисничкиот профил со што дополнително се спречуваат несакани ситуации.
За подетални информации во врска со користењето на апликацијата, повикајте го менито „Помош“ или обратете се на e-mail адресата [email protected], како и телефонски во Контакт центар 02/15 050.